Италијанскиот стратег Карло Анчелоти стана тренер со најмногу натпревари во историјата на Лигата на шампионите, односно поранешниот Куп на европски шампиони.
Анчелоти го водеше својот Реал Мадрид во средата навечер за време на поразот на гости кај Ливерпул со 2-0, што беше негов 215. натпревар во најсилното европско клупско натпреварување.
Со тоа го престигна Алекс Фергусон, поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, кој го водеше тимот 214 пати во Лигата на шампионите.
Како тренер на Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Баерн, Наполи и Реал Мадрид, Анчелоти победи на 123 натпревари од 215. Два пати ја освои Лигата на шампионите со Милан и три со Реал Мадрид, последен пат во јуни годинава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

