Анчелоти за фијаското на „Златна топка“: Не размислувам за нешто што се случи пред една недела

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти на пресконференцијата за медиумите во пресрет дуелот против „неговиот“ Милан во Лигата на Шампиони беше запрашан и за фијаското на последното доделување на престижната награда „Златна топка“.

Делегацијата на Реал Мадрид го „бојкотираше“ Париз откако дозна дека Винисиус Џуниор не ја освои наградата за најдобар фудбалер, а во отсуство му беше доделена наградата и на Анчелоти за најдобар тренер на годината.

„Тоа е нешто што се случи минатата недала. Тоа е веќе минато и не размислуваме повеќе за тоа“, изјави Анчелоти.

Пред дуелот против Милан говореше и за својот поранешен клуб велејќи дека Реал Мадрид мора да биде претпазлив против секогаш незгодните „росонери“.

Се вчитува...