Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше за италијанските играчи кои се поврзуваат со скандалот за обложување.
Во овој случај се вклучени Николо Фаџоли, Сандро Тонали и Николо Заниоло, кои моментално се под истрага.
Доколку бидат прогласени за виновни, им се заканува суспензија од фудбалот на три години.
„Ова се големи грешки, тие играчи се болни и треба да се лекуваат. Од научна гледна точка, зависноста од коцкање е болест. За мене, сепак, ова е личен неуспех и не треба да се претставува како дамка на целиот италијански фудбал. Нека биде задоволена правдата. Според мене, овие момци го прекршија правилото, кое е сосема јасно: не може да се обложуваш, тоа е многу едноставно. Ние што сме посветени на тоа сме свесни. Всушност, пред почетокот на секоја сезона, експресно сте предупредувани дека тоа е забрането и дека не треба да го правите тоа“, вели Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

