Анчелоти за Мбапе: Ме прашувате за играч кој игра за друг клуб, Реал ги има најдобрите

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти на вчерашната прес-конференција по мечот со Жирона, одново беше прашан за Килијан Мбапе.

Шпекулациите во последно време се дека Мбапе веќе се договорил со „кралевите“, и се очекува само официјална промоција. Меѓутоа Анчелоти бурно реагираше на прашањето за Французинот.

„Продолжувате да ме прашувате за играч кој игра за друг тим“, вели Анчелоти и веднаш додава:

„Ние веќе ги имаме најдобрите играчи на светот. Прв тука е Винисиус, втор Белингем, трет Родриго. Потоа тука се Крос, Валверде, Камавинга“, рече Анчелоти.

Се вчитува...