Карло Анчелоти, тренерот на „кралевите“ е убеден дека во овој момент неговиот Реал има посилен и поквалитетен тим во однос на минатата година.
Италијанецот со последната изјава потврди дека Реал Мадрид нема да купува повеќе играчи во овој трансфер период.
„Тимот е финализиран, имаме многу добри играчи. Имаме подобар тим од минатата сезона. Исто така, зголемен е и интензитетот во тренинзите“, изјави Анчелоти.
Актуелниот шпански и европски првак го ангажира Антонио Рудигер од Челси и Аурелиен Чуамени од Монако. Тоа според италијанскиот стручњак е доволно за високи цели во новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

