Големиот скандал со обложување кој ја зафати Италија и може да донесе суспензија за фудбалери како Сандро Тонали и Заниоло не помина без коментарот на Карло Анчелоти, искусниот италијански стратег кој во моментот го предводи Реал Мадрид.
Шеесетичетиригодишникот на обложувањето гледа како болест и вели дека на прекршителите на законот треба да подлежат под казна за да се задоволи правдата.
„Ова се големи грешки, тие играчи се болни и треба да се лекуваат. Од научна гледна точка, зависноста од коцкање е болест. За мене, сепак ова е личен неуспех и не треба да се претставува како дамка на целиот италијански фудбал. Нека биде задоволена правдата. Според мене, овие момци го прекршија правилото, кое е сосема јасно: не можете да се обложувате, тоа е многу едноставно. Сите ние кои се залагаме за ова сме свесни“, изјави Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

