Анчелоти за заминувањето на Бензема: Ме изненади…

Карим Бензема заминува од Реал Мадрид како еден од најтрофејните фудбалери во историјата со рекордни 25 титули зад своето име колку што има и Марсело.

И покрај тоа што официјално не е потврден новиот клуб на Французинот, голема е веројатноста дека тоа ќе биде Ал Итихад во Саудиска Арабија која му понудила 400 милиони евра за две сезони за разлика од далеку пониската плата која ја добива во Реал Мадрид и изнесува 24 милиони евра.

За заминувањето на искусниот голгетер говореше и Карло Анчелоти кој вели дека истото е изненадно.

„Изненаден сум. Тоа се случи во последен час. Вчера нормално тренираше, а утрово ми соопшти. Не сме среќни, но мораме да ја прифатиме неговата одлука. Тоа е одлука на неговиот личен процес. Во Реал оствари неверојатни и незаборавни работи“, вели Анчелоти.

Се вчитува...