Карло Анчелоти денеска се враќа назад во Неапол, како предводник на Реал Мадрид во рамките од второто коло од групната фаза од Лигата на Шампионите. Очекувано, на прес-конференцијата пред мечот стана збор и за неговото заминување од клубот и конфликтот што го имаше со претседателот Де Лаурентис.
Анчелоти дојде на чело на Наполи летото 2018 година на местото ан Сари, но не успеа да ја наметне целосно својата филозофија, имаше неколку караници со Де Лаурентис, што резултираа со тренерска смена во декември 2019 и покрај убедливата победа на последниот меч на кој ги водеше „наполитанците“, во Лигата на Шампионите против Генк. Трофејниот стручњак потоа имаше кратка авантура во Евертон, од каде се врати назад на клупата на Реал Мадрид.
„Заминувањето од Наполи беше добра работа за мене, навистина добра. Ако бев таму, сигурно немаше да ми дозволат да заминам во Реал Мадрид кога дојде повикот од Шпанија“, изјави Анчелоти.
Тој се осврна и на компликуваниот однос што го имаше со управата на клубот.
„Имавме убави моменти минати заедно, но и моменти кои не беа толку позитивни. Кога не постои целосна хармонија за работа, најдобро е да дојде до разделба. Како и да е, јас на Наполи секогаш се сеќавам како на позитивно искуство во мојата кариера“, прокоментира сегашниот тренер на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

