Германскиот првак Баерн Минхен синоќа го освои Суперкупот на Германија, победувајќи ја Борусија Дортмунд на пенали (7-6), но Карло Анчелоти увиде многу слабости во играта на својот тим во подготвителниот период. Најмногу не ’штима’ во средниот ред, каде веќе ги нема Чаби Алонсо и Филип Лам, кои по завршувањето на минатата сезона заминаа во пензија. Баварскиот клуб го доведе Корентин Толисо од Лион, но се чини дека тој и не може адекватно да одговори на барањата на Анчелоти. Токму затоа италијанскиот стратег бара ново решение.
Баерн Минхен сака да го купи Ерик Даер, играчот за врска на англискиот премиерлигаш Тотенхем. За него е подготвен да плати 50 милиони фунти, и тоа веднаш, за да го доведе на „Алијанц арена“ пред почетокот на сезоната во Бундес-лигата. За Даер сериозен интерес има и од Манчестер јунајтед, но Тотенхем со сите сили се бори да го задржи во својот состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА