Баерн Минхен на доминантен начин обезбеди учество во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако го елиминира Арсенал со вкупен резултат 10-2. По „петката“ во Минхен, фудбалерите на Карло Анчелоти и синоќа на „Емирати“ славеа со 1-5.
„Знаев дека ќе влеземе во потребната форма кога ќе се решава сезоната. Сега треба да го одржиме ова ниво до самиот крај. Победивме убедливо, но не беше нималку лесно, тоа мора да се признае. Арсенал беше сосема рамноправен се до исклучувањето на Кошиелни. Потоа се отвори многу простор за нас, што успеавме да го искористиме. Но, допрва следи најтешкото во Лигата на шампионите“, изјави Карло Анчелоти по убедливиот триумф над Арсенал во Лондон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА