Италијанскиот стартег на клупата на Реал Мадрид, Карло Анчелоти на денешната пресконференција за медиуми пред средбата против Наполи во второто коло од Лигата на Шампионите говореше и за хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ.
Искусниот Хрват не доби шанса на последните натпревар, а како причина за тоа Анчелоти ја наведе долгата клупа исполнета со млади таленти.
„Зошто Лука Модриќ не играше на последните натпревари? Јасно ми е што тоа многумина изненадува, но играше против Унион Берлин и Атлетико Мадрид. Имаме доста добри играчи за врска. Лука нема никаков проблем со нас и ние немаме никаков проблем со него.
Се е во ред. Не играше, но тоа не значи дека нема да игра утре или во некој од следните натпревари. Еден ден е на клупа Модриќ, а друг ден таму е Крос, Чуамени или Камавинга. Секогаш некој мора да ја почувствува клупата“, изјави Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

