Андер Ерера, прва желба на Барселона ова лето

Шпанскиот гигант Барселона ја загуби трката за шампионската титула во Шпанија, не успеа да стигне ниту до завршницата во Лигата на шампионите и јасно е дека оваа сезона ќе биде неуспешна за каталонскиот клуб. Тренерот Луис Енрике си заминува, на негово место е најавен ангажманот на Ернесто Валверде, а позната е и првата желба околу новите засилувања за тимот ова лето.

Барселона го посакува шпанскиот репрезентативец Андер Ерера, кој оваа сезона одигра одлично во дресот на англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед. Тој има уште 12 месеци од актуелниот договор со клубот од „Олд трафорд“, а се уште нема дадено согласност за продолжување на соработката. Повеќе од јасно е дека Барселона же мора да го реновира средниот ред, со оглед дека Андре Гомеш, па и Иван Ракитиќ, не можат да го носат товарот на играта на тимот од „Камп Ноу“.

Барселона, според шпанските медиуми, е подготвена да плати околу 30 милиони евра за ангажман на Андер Ерера.

Се вчитува...