Андерлехт и „краде“ фудбалер на Барселона

Барселона е на прагот да остане без посакуваното засилување Турор Мендал откако во трансфер преговорите се вклучи и најтрофејниот белгиски клуб Андерлехт кој во последен момент се обидува да го „украде“ младиот талент.

Каталонскиот тим ги заврши личните преговори за ангажман на доскорешниот фудбалер на Чесли како слободен играч за настап во вториот тим, но во последен моменет интервенираше 34-кратниот шампион на Белгија кој му ветува на фудбалерот настап на прволигашката сцена.

Мендал ја покрива срединта на теренот и одлично се снаоѓа на двата дела од теренот. 18-годишникот во еден момент важеше за најталентираниот фудбалер во својата генерација, но сепак не успеа да се избори за шанса во првиот тим на Челси.

Се вчитува...