Андерсон го понижи Нишикори во Лондон

Кевин Андерсон дојде на чекор до полуфиналето од АТП-шампионатот во Лондон откако во мечот ов второто коло од „групата Лејтон Хјуит“ попладнево го растури Кеи Нишикори со 6-0, 6-1.

Јапонецот во првото коло го изненади Роџер Федерер, но денеска беше далеку од посакуваното ниво, оставајќи го Андерсон целосно да доминира од почетокот до самиот крај на мечот. Андерсон експресно го доби првиот сет со 6-0, а потоа продолжи во ист стил, поведувајќи со 5-0 во вториот сет. Нишикори доби овации од трибините кога конечно освои еден гејм, за Андерсон рутински да го привее мечот до крај за убедлив триумф.

Андерсон во третото коло ќе се сретне со Роџер Федерер, кој вечерва во мечот од втората рунда ќе ги одмери силите со Доминик Тим.

Се вчитува...