Андерсон и Алберто му донесоа победа на Лацио против Саусуоло (ВИДЕО)

Екипата на Лацио ја оствари четвртата победа во Серија „А“ откако го совлада тимот на Саусоло со 0-2 на гостински терен. Со тоа римскиот тим оствари значајна победа, имајќи во предвид дека Сасуоло сезонава беше подобар и од Интер и од Јувентус.

Прашањето околу победникот Лацио го реши за седум минути, односно во 28. минута Андерсон му донесе водство на тимот од Рим, додека Алберто во 35. минута донесе 0-2, што беше доволно да се дојде до победата.

Доколку беа поконцетрирани во финишот, Лацијалите можеа да дојдат и до поубедлива победа, со оглед дека против себе имаа анемичен противник кој направи многу малку шанси на мечот.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...