Првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели и еден од главните поборници на европската Суперлига, истакнува дека англиската Премиер лига стигнала до ранг на натпреварување по приходи, чија идеја е да се формира на европско ниво во наредните години.
Минатата година, токму во ова време, идејата за европска Суперлига премина од триумф во пораз за само неколку дена, а Ањели за тоа ги обвинува англиските клубови.
„Имаме Премиер лига која заработува 4,2 милијарди евра годишно. УЕФА објави 5,2 милијарди евра во следната сезона од Лигата на шампионите. Премиер лигата ќе ги привлече најголемите таленти бидејќи тие одат таму каде што се најдобро платени. Всушност, ние веќе ја имаме Супер лигата“, изјави Анњели, додавајќи дека има шанси да има ‘англиско финале’ во Лигата на шампионите, со можност финалистот да дојде и од Англија во Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА