Анџелика Митрашиновиќ стави крај на играчката кариера

Капитенот на женската репрезентација на Македонија, Анџелика Митрашиновиќ објави крај на кативното играње на кошарка.

Со посебен посветен текст, една од најдобрите македонски кошаркарки во последните години, официјално ја заврши играчката кариера.

„После сите овие години, дојде време да се збогуваме со професионалната кошарка. Од сонување како дете до живеење како професионалец – оваа игра го промени мојот живот на начини што не можам целосно да го опишам. Ми даваше лекции, незаборавни моменти и второ семејство. Преку пожртвуваноста, напорната работа, повредите, победите и загубите – секој чекор ме обликува тоа што сум денес. Заминувам со полно срце и бескрајна благодарност. Дресот може да се симне, но љубовта кон играта никогаш нема. Ова не е крајот – тоа е почеток на ново поглавје“ – напиша Митрашиновиќ.

Митрашиновиќ својата кариера ја почна во Изградба комерц, подоцна трансформиран во Младинец, па скопски Бадел, Челик од Зеница, неколку сезони во подгоричка Будуќност, па една во Баскет кам од Македонска Каменица, францускиот Тарбес, бугарската Монтана, до Плештанске Чајки, и швајцарскиот Фрибург, последниот клуб во нејзината богата интернационална кариера.

Се вчитува...