Анди Шмид не оди во пензија, потпиша за нов клуб

Анди Шмид на крајот од сезонава ќе го напушти Рајн-Некар Левен, но швајцарскиот ракометен генијалец нема намера да ја заврши кариерата.

Искусниот 38-годишен ракометар веќе објави и каде ќе настапува во наредната сезона, одлучувајќи да се врати назад во татковината и да потпише договор со тимот на Криенс Луцерн.

„Некои луѓе ме советуваа да ја завршам кариерата. Сепак, јас сум се уште здрав и уживам играјќи ракомет. Затоа, решив да продолжам да играм. Јас и моето семејство решивме да живееме во регионот на Луцерн бидејќи нашите корени се од овој дел од земјата. Развојот на швајцарската лига со амбициозни клубови и унапредување на инфрструктурата придонесе за раѓање на уште поголеми амбиции. Јас лично сакам да возвратам дел од сето она што го добив од ракометот, да споделам дел од вредностите што ги имам научено во кариерата. Најдоброто од се е што тоа ќе го направам онаму каде што ја почнав кариерата“, изјави Шмид.

Швајцарскиот генијалец освои две титули во Бундес-лигата, а пет пати беше избиран за МВП на елитно германско ракометно друштво.

Се вчитува...