Тренерот Андон Бошковски и следната сезона ќе го предводи битолскиот суперлигаш Еурофарм Работник. Од клубот информираа дека соработката со тренерот што за прват му донесе пласман на Еурофарм Работник во европските купови, на обострано задоволство, ќе продолжи и во следната сезона.
Бошковски ја презеде клупата на Еурофарм Работник на почетокот на годинава. Битолскиот тим во својот деби настап во Суперлигата заврши на петото место, а играше и во финалоето на купот на Македонија. Еурофарм Работник со овој пласман обезбеди место во европските купови и следната сезона ќе се натпреварува во Челинџ купот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА