Андон Дончевски им посака среќа на фудбалерите: Деца мои македонскиот народ е со вас! (ФОТО+ВИДЕО)

Фудбалерите одработија тренинг утрово во Скопје, по што во 16 часот со чартер лет заминуваат за Рига за дуелот со Летонците кој се игра во четврток (10. октомври). Во овој октомвриски прозорец „црвено-жолтите“ ќе одиграат натпревар и со Ерменија во Ереван кој е закажан за 13. октомври.

Првиот селектор на македонската А репрезентација, Андон Дончевски им посака успех на нашите фудбалери во пресрет на натпреварите против Летонија и Ерменија од Лига на нации.

“Деца мои, македонскиот народ е со вас. Вашата задача е само на терен. Слушајте го само селекторот и немој да се обрнувате на ништо друго” – им порача легендарниот чичко Дончо на македонските репрезентативци.

 

Се вчитува...