МЗТ Скопје осигура уште еден потпис, откако денеска беше финализиран тригодишниот договор со Андреј Андоноски. Станува збор за 20-годишен играч кој е младински репрезентативец на Македонија а меѓу „штрковите“ пристигнува од вториот тим на МЗТ Скопје, каде беше еден од најдобрите кошаркари минатата сезона.
Андоноски, кој настапува на позиците крило и крилен центар, претходно беше еден од лидерите на кадетската, јуниорската и на младинската репрезентација, со која летово настапи на Европското првенство (ЕП), дивизија Б во Тбилиси.
Тој е десеттиот кошаркар со кој во моментов располага тренерот Александар Петровиќ, по Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Робев, Американците Бре Ајви, Мајк Кафи и Еван Максвел, како и српскиот интернационалец Страхиња Миќовиќ. Тука се и талентираните Димитар Иванов, Бојан Величковски и Марко Спасовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА