По синоќешниот триумф од 0-3 на гостувањето против Глазгов во Шкотска, и со вкупен резултат од 8-0 по двата осминафинални натпревари, најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова и нејзината Барселона на доминантен начин се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Андонова одигра 68 минути на синоќешното гостување во Глазгов, запишувајќи ново свое квалитетно издание. Веќе до 50. минута Барселона имаше 0-3 јасно навестувајќи дека нема да дозволи никакво изненадување во Шкотска.
Во четвртфиналето од Лигата на шампионите за жени се пласираа уште и Лион, Баерн Минхен, Челси, Волфсбург, Славија Прага, ПСЖ и норвешкиот шампион ЛСК. Ждрепката за четвртфиналето е закажана за 9. ноември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА