Наташа Андонова и во следната сезона ќе го носи дресот на Леванте откако најдобрата македонска фудбалерка денеска потпиша нов договор со клубот од Валенсија. Актуелниот договор на Андонова истекуваше на крајот од сезонава, но таа се договори за нова едногодишна соработка со Леванте, откако му помогна на овој тим да обезбеди учество во Лигата на Шампионите.
Андонова минатата сезона одигра вкупно 39 средби за овој тим во сите натпреврувања, притоа постигнувајќи осум погодоци. Таа пристигна во Леванте од редовите на Барселона, а претходно има настапувано и за ПСЖ од Франција, Розенгард од Шведска и за германскиот прволигаш Турбине Потсдам.
„Пресреќна сум што уште една година ќе ги бранам боите на овој клуб. Имам огромна доверба во екипата, верувам дека следната сезона ќе играме уште подобро и ќе атакуваме на нови трофеи“, изјави Андонова по потписот на новиот договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА