Леванте е новиот клуб на Наташа Андонова, откако најдобрата македонска фудбалерка го избра токму клубот од Валенсија за своја следна дестинација во кариерата.
Андонова сезонава беше дел од тимот на Барселона, со кој стигна до финалето од Лигата на шампионите, но летово си замина од таборот на каталонскиот гигант. Таа беше поврзувана со преселба во таборот на Атлетико Мадрид, но во последен момент се премисли и ја прифати понудата на Леванте.
Екипата на Леванте го освои третото место ланската сезона во шпанското првенство, зад шампионот Атлетико Мадрид и вицепрвакот Барселона.
За потсетување, за машката екипа на Леванте настапува нашиот репрезентативец Енис Барди.
¡Bienvenida! ✌? #LigaIberdrola https://t.co/JjavjgBCP8
— Levante UD ? (@LevanteUD) July 4, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА