Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова ја завршува својата соработка со шпанскиот гигант Барселона.
Андонова и преку социјалните мрежи се збогуваше од Барселона, потврдувајќи дека дојде крај на соработката со каталонскиот клуб.
„Дојде време да ја соопштам одлуката за заминување од Барселона, клуб кој ми ги отвори вратите пред две години и секој ден потоа ме натера да се чувствувам како дел од семејството. Ова беа две неверојатни, но, сепак, тешки сезони, бидејќи од различни причини не можевме да ја покажеме нашата супериорност во клучните моменти. Заминувам со чувството дека имам дадено сè за да помогнам и свесна сум дека ја добив љубовта и професионалноста на ова големо семејство до степен до кој заслужуваме како професионални фудбалери“ – напиша Андонова.
Андонова за составот од Каталонија одигра 43 средби и постигна седум голови. Според најавите, македонската репрезентативка кариерата треба да ја продолжи во Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА