Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова запиша нов погодок во дресот на шпанската Барселона.
На тест дуелот на каталонскиот тим со второлигашот Сан Габриел на кој Барселона славеше со 5-0, Андонова беше стрелец на еден од погодоците.
Останатите голови за победничкиот состав ги постигнаа Аитана, Клаудиа Пиња и Олга Гарсија во два наврати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА