Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова со погодок против Леванте во победата од 0-5 ги заокружи своите настапи сезонава за каталонскиот клуб.
Андонова на вчерашниот меч го постигна петтиот гол за Барса, а беше најзаслужна и за четвртиот гол кој следеше откако претходно македонската фудбалерка ја погоди пречката од противничкиот гол.
? [HIGHLIGHTS] @LUDfemenino – @FCBfemeni (0-5) #LigaIberdrola pic.twitter.com/WklNAJ6MsK
— FCB Femení (@FCBfemeni) May 13, 2018
Барселона, сепак, не успеа да ја освои шампионската титула во Шпанија завршувајќи со 76 бода на втората позиција зад Атлетико Мадрид.
Андонова сезоната ја заврши со пет постигнати гола, одигрувајќи 18 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА