Андонова во извонреден гол-ритам: Нови два гола за триумф на Леванте (ВИДЕО)

Македонската репрезентативка Наташа Андонова продолжува со извонредната гол-форма во дресот на Леванте, постигнувајќи нови два погодоци денеска во победата на својот тим од 3-0 против Спортинг Хуелва.

Андонова погоди најпрво во 25. минута за водство на Леванте, а вториот гол го постигна во 65. минута за заокружување на конечниот резултат од 3-0.

За македонската фудбалерка ова беше четврти гол сезонава во најсилната шпанска лига. Леванте во моментов, со 17 бода, е на четвртата позиција во шпанскаиот шампионат.

Се вчитува...