Андоновски до прва победа со САД на ЛОИ, извонреден меч на Холандија и Бразил

Македонскиот тренер Влатко Андоновски дојде до првата победа на Летните олимписки игри во Токио, триумфирајќи како селектор на женската фудбалска репрезентација на САД против Нов Зеланд со убедливи 6-1.

По оној прв пораз од Шведска (0-3), Андоновски и неговите избранички останаа во игра за место во елиминациската фаза.

Во другата група, пак, извонреден натпревар одиграа Холандија и Бразил кои ремизираа 3-3. Во истата група ремизираа и Кина и Замбија (4-4).

Се вчитува...