Андоновски и САД се провлекоа во нокаут фазата на СП

Македонскиот стратег Влатко Андоновски и Соединетите Американски Држави продолжуваат со бледите игри на Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд на кое ја бранат титулата.

По ремито со Холандија во минатото, коло Американките овојпат одиграа реми без голови против Португалија и со тоа се провлекоа во нокаут фазата.

Во вториот меч од денешната програма Холандија славеше над Виетнам со убедливи 7-0 и со тоа го осигура првото место во групата Е.

Андоновски и САД ќе имаат тешка задача во осминафиналето каде поради освоеното второ место во групата Е за противник ќе ја има силната Шведска.

Се вчитува...