Влатко Андоновски и Соединетите Американски држави се пласираа во четвртфиналето на женскиот фудбалски турнир на Летните олимписки игри во Токио, откако во последното коло од групната фаза ремизираа против Австралија 0-0.
Натпреварот можеше да замине во сосема друга насока доколку голот на Алекс Морган во 32. минута поради офсајд не беше понишитен. Со ова реми САД завршува на втората позиција во групата Г и во четвртфиналето го чекаат победникот од групата Ф каде најверојатно ќе заврши репрезентацијата на Холандија.
Во вториот меч од групата Г, Шведска ја оправда фаворитската улога против Нов Зеланд совладувајќи го со 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА