Андоновски и САД во полуфиналето на ЛОИ

САД на македонскиот стратег Влатко Андоновски е последниот патник во полуфиналето од Олимписките игри во женска конкуренција откако Американките славеа со 3-2, по изведување на пенали во четвртфиналниот дуел против Холандија.

Холанѓанките први поведоа во 18. минута од натпреварот преку Миедема, но веќе до полувремето избраничките на Андоновски стигнаа до целосен пресврт. Мевис стрелаше во 28. минута, а три минути подоцна Вилијамс ја доведе својата репрезентација во водство.

Миедема донесе изедначување во 54. минута од второто полувреме, а Холандија имаше шанса и да стигне до 3-2, но Мертенс не успеа да реализира од белата точка во 81. минута. Двете селекции не успеаја да ја затресат мрежата ниту во дополнителните 30. минута, а херојката на Американките беше голманката Нахер која со две одбрани донесе место во полуфиналето.

Избраничките на Андоновски во полуфиналето ќе се сретнат со Канада, додека вториот полуфинален пар го сочинуваат Шведска и Австралија.

Се вчитува...