Горан Андоновски се врати на клупата на ГРК Охрид и ќе го води на стартот на новата сезона во ракометната суперлига.
По крајот на минатиот мандат тој на заминувањето не се испрати на најдобар можен начин со навивачката група на клубот „Рибари“, па тие не беа задоволни по неговото враќање во клубот.
Сепак, искусниот стратег ја смирува малку топката пред стартот на подготовките и им се извини на навивачите.
„Навивачите беа со мене уште од првиот ден на постоењето на клубот. Јас ги почитувам многу, навистина повеќе отколку што тие сметаат. Од првите чекори со Охрид, кога немавме финансии и се играше волонтерски, потоа уште седум-осум години кога бевме со минимални примања, сè до доаѓањето на ваучерите пред три-четири години. „Рибари“ секогаш беа со нас, во добро и лошо, минавме многу убави моменти, меѓутоа емоции се емоции. Сум се откажал од многу во животот за овој клуб. Од денес ветувам дека ќе го поправам односот со навивачите. Ништо не се решава веднаш, но чекор по чекор сакам да го поправам односот, да ја вратам довербата. Ним, како и мене во срцето ни е РК Охрид, сметам дека заедно можеме да направиме многу за клубот и градот“, вели Андоновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА