Андоновски ќе и биде ментор на Милеска на ФИФА семинар за тренери во женски фудбал

Дваесет млади тренери во женски фудбал во светот се избрани да бидат под менторство на најдобрите тренери во светот.

Македонецот Влатко Андоновски кој во моментов е селектор на светскиот шампион Соединетите американски држави ќе и биде ментор на поранешната македонска репрезентативка и сега селекторка на репрезентацијата до 17 години, на семинарот организиран од Светската фудбалска федерација (ФИФА).

„Чест ми е што сум дел од оваа програма за прв пат и со нетрпение очекувам да се сретнам со сите вас лично и подобро да ве запознаам“, им испрати порака Андоновски. 

Како една од осумте програми достапни под знамето на Програмата за развој на жени на ФИФА, „Coach Mentorship„ има за цел да развие и да ја зајакне новата генерација женски тренери кои ќе бидат индивидуално менторирани од врвен тренер од женскиот фудбал во следните 18 месеци.

Се вчитува...