Еден од најдобрите македонски фудбалски стратези, Влатко Андоновски со женската селекција на Соединетите Американски Држави ќе се обиде да стигне до својата прва титула на Мундијалите, а на Американките да им го донесе петтото мундијалско злато.
САД е четирикратен светски шампион и актуелен бранител на светскиот трон откако во 2019 година ја освоија последната светска титула, по која Андоновски седна на кормилото
„Да се биде дел од едно Светско првенство е нешто немерливо, самата радост дека сте дел од Мундијалот, дека водите тим на СП и дека се борите за најголемата награда во фудбалот. Притисок секогаш има и тој никогаш нема да исчезне. Кога притисокот доаѓа од внатре ве тера да бидете најдоброто од себе и да го подготвите тимот да биде најдоброто од себе. Ова не е само натпреварување, туку посебно натрпеварување со многу предизвици“, вели Андоновски.
Американките одбраната на титулата ќе ја почнат со мечот против Виетнам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА