Охрид успешно стартуваше во својата прва европска сезона, го елиминира холандскиот Крас Волендам и обезбеди пласман во втората рунда од ЕХФ Купот. Победата против холандскиот противник (24-23) во решавачкиот втор меч, донесе огромна радост кај охриѓани и уште посилна мотивација за наредните предизвици.
„Имавме добар противник, но македонското срце победи. Водевме во текот на целиот натпревар и на крај заслужено победивме. Ова е победа за Охрид и победа за Македонија. Сега, прво ќе прославиме, а потоа ќе го анализираме Порто и ќе се подготвуваме за следниот предизвик“ – изјави тренерот на Охрид, Горан Андоновски, по триумдот против Волндам.
Во следната фаза од ЕХФ Купот, Охрид на 7/8 октомври ќе биде домаќин на првиот меч против Порто, а ќе гостува во Португалија на реваншот на 14/15 октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА