Aндоновски пред дуелот со Вардар: Очекувам пеколен натпревар, Охриѓани се подобри навивачи од „Чкембари“ и „Комити“!

Ракометниот тим на Охрид го очекува најтешкиот досегашен предизвик од новата сезона во рамки на македонската ракометната лига. На домашен терен во салата „Билјанини Извори“ викендов ќе гостува шампионот Вардар, екипа која на своето конто има единствен максимален број на бодови по првите четири кола во шампионатот.

Во пресрет на овој дуел, на прес конференција своја анализа даде и Горан Андоновски, тренерот на Охрид. Тој најави жестока игра на своите ракометари во текот на сите 60 минути, а воедно ги повика охриѓани да дојдат во што поголем број.

„Знаеме што значи да се игра против шампионска екипа како Вардар. Тоа можеше да се види и на дуелот со Еурофарм Пелистер. Сепак, наше е да одиграме најдобро што знаеме. Она што можат да го ветам е дека публиакта може да ужува во пеколен натпревар во текот на сите 60 минути. Како домаќини ќе пробаме да се избориме за поволен резултат, овој тим не се плаши од никого! Ги повикувам охриѓани да дојдат во што поголем број, бидејќи нивната поддршка многу ќе ни значи … Знам каква амтмосфера прават моите сограѓани, тие се подобри навивачи и од Чкембари и Комити“,“, потенцираше Андоновски на прес-конференцијата.

Мечот во „Билјанини Извори“ е закажан за утре, со почеток од 19.30 часот.

 

Се вчитува...