Темата за подмладување на репрезентативните редови извесен период веќе „виси“ над македонскиот ракомет. По натпреварот со Турција ја отвори и капитенот Кирил Лазаров кој истакна дека мора во иднина конечно повеќе да се дава шанса на младите кои ќе треба да ја заменат оваа генерација…
Па, по срамниот пораз на Македонија од Грција денеска во Кожани, со свој став се огласи и поранешниот македонски репрезентативец а актуелен тренер на суперлигашот Охрид, Горан Андоновски кој вели дека мора да им се заблагодариме на неколку поискусни репрезентативци.
„Прибак, Филип Лазаров, Велко Маркоски…, едно големо БЛАГОДАРАМ за се што придонесовте за Македонија изминативе години. Но, дајте други деца, крајно време е. Подмладувавме со Лино, сега со Раул, а всушност ништо не подмладуваме. Секако ништо не играме, па барем да добиевме некој нов помлад играч. Дочекавме со Грција во напад да сме немоќни, да играме 7 на 6. Одбраната катастрофа со Попоски халф, Столе на средина и залудно го трошиме Талески кога не е одбранбен играч…. Ремонт, ама со Кире Лазаров во состав додека може човекот. Во спортот некогаш и аутсајдери победуваат ама барем сега да се свестиме дека мора да промениме нешто. Сепак, оваа генерација ни донесе многу радости како на репрезентативен така и на клупски план. НАПРЕД МАКЕДОНИЈА. Не чека Светско првенство во Германија“ – вели во својата реакција Андоновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА