Ракометарите на Пролет денеска со почеток во 16 часот ќе му гостуваат на Еурофарм Пелистер 2, директна пресметка на два ривали во трката за второто место во групата и пренесување на што повеќе бодови во нокаут-фазата.
Станува збор за ривал со кого минатата сезона Пролет имаше сериозни проблеми, но затоа во првиот овосезонски дуел избраниците на Лембанов целосно ги надиграа младите битолчани триумфирајќи со убедливи 28-22. Токму тоа издание, пред се во одбраната, ќе биде неопходно ако се сака да се стигне до позитивен резултат во салата „Боро Чурлевски“.
„Знаеме што е потребно, мораме да ја повториме играта од првиот меч во Скопје. Доколку го сториме тоа, верувам дека ќе успееме да стигнеме до победата со која би направиле џиновски чекор кон второто место во групата. Секако дека нема да биде лесно бидејќи играме против квалитетен тим што дополнително се мотивира кога игра во Битола. Сепак, ние сме доволно искусни за да не подпаднеме под таа атмосфера, мораме да ја играме сопствената игра, да ги затвориме приодите кон сопствениот гол и на тој начин да го натераме противникот да влезе во грешки“, изјави капитенот Ласко Андоновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА