Ракометарите на Тинекс Пролет се подготвени за наредните предизвици што ќе ги носи плеј-офот, почнувајќи од утрешниот натпревар против Бутел. Капитенот Ласко Андоновски е оптимист дека Пролет ќе успее да ги прокнижи првите бодови во плеј-офот, за почеток на битката за првите четири места кои значат и излез во ракометна Европа за наредната сезона.
„Бутел е тим со кого игравме два пати сезонава, иако во 2019 година дополнително се засили со неколку странски ракометари. Стилот на играта не е променет, тие повторно базираат се на цврстата одбрана, но верувам дека можеме да ги добиеме. Ќе видиме дали тоа да се стори со побрза игра во нападот, или пак ние да одговориме со уште поцврста одбрана, нашиот стручен штаб ќе ја донесе таа одлука, но Тинекс Пролет дефинитивно поседува квалитет за да слави на овој меч. Првичната цел е остварена со самиот пласман во плеј-офот, но тоа не значи дека ќе застанеме. Напротив, ќе дадеме се од себе на секој натпревар, почнувајќи од утрешниот дуел со Бутел. Пред нас се тешки дуели, но желба на сите е повторно да стигнеме во место во Европа“ – порачува Андоновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА