Андоновски со победа дебитираше на клупата на селекцијата на САД… (ВИДЕО)

Македонскиот тренер Влатко Андоновски со победа дебитираше на клупата на женската фудбалска репрезентација на САД.

Американките славеа против Шведска со 3-2 во синоќешниот пријателски натпревар, во кој САД со два погодоци на Лојд и еден на Прес имаше предност и од 3-0 по првото полувреме. Но, Швеѓанките со два погодоци во вториот дел успеаја да дојдат до поднослив пораз од 3-2…

Фудбалерките на САД во финишот можеа да дојдат и до поубедлива победа, но Лојд не искористи удар од белата точка.

Се вчитува...