Женската фудбалска репрезентација на Македонија одигра без победник 1-1 на домашен терен против Молдавија во 3. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2025 година.
Селекторот на нашата репрезентација, Александар Андов по мечот со Молдавија вели дека лошата реализација била клучна за ремито.
„По вчерашниот напревар можам само да изјавам дека жалиме за можноста да победиме бидејќи имавме игра,имавме шанси знаевме што сакаме но имавме лоша реализација на што треба во иднина да работиме како репрезентација.Она што ме радува е дека менталниот склоп на девојќите се менува и полека но сигурно се гради еден победнички менталитет.Резултатите неможе да ги очекуваме преку ноќ за два собири на кои сум поставен како селектор.Од залагањето на девојките сум презадоволен и со добра рекуперација и добра анализа се надевам на позитивен резултат и победа на гостински терен во Молдавија.Сеуште сме во игра за второто место во групата и до крај ќе се бориме за да го оствариме тоа“, изјави Андов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА