Македонската женска репрезентација денеска од 17 часот на стадионот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје на дуел со селекцијата на Молдавија во квалификациите за ЕП 2025, во Групата 2 од Лигата Ц на УЕФА.
Селекторот Александар Андов по неколкудневните подготовки во главниот град, е задоволен од сработеното верувајќи дека неговите избранички може да дојдат до посакуваната победа на денешниот натпревар.
„Подготовките минаа во најдобар ред. Атмосферата во репрезентацијата е одлична што е добар предуслов за да постигне добар резултат на натпреварот со Молдавија. Од девојките очекувам да го дадат максимумот, да ги испочитуваат нашите договори околу играта, и тоа да ни донесе победа. Ослабени сме со неиграњето на Гентија Рочи, еден од нашите клучни играчи но во исто време ова е можност за нова фудбалерка да се докаже и покаже дека заслужува да биде дел од првите единаесет и за следните натпревари. Играњето двомеч со исти противник е малку комплицирано, но ние сме покавалитетни како репрезентација и се надевам дека ќе успееме да издвојуваме победи и во двата натпревари“ – вели Андов.
Македонија по првите два натпревари од Групата 2, има победа и пораз, заедно со селекцијата на Летонија. На врвот од табелата е Словенија со две победи од исто толку натпревари. Молдавките се на последното место во групата без победа на првите два натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА