Андре Омот Килде стигна до победа на супервелеслаломската трка која денеска се возеше во италијанскиот ски-центар Бормио. Норвежанецот до победата стигна со време од 1:27.59 минута што беше за огромни 72 стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Австриец Рафаел Хасер.
Подиумот го надополни вториот Австриец, Винсент Крихмаер кој доцнеше 85 стотинки зад времето на победникот.
Со оваа победа Омот-Килде изби на втората позиција во пласманот за големиот кристален глобус, каде на врвот се уште е Швајцарецот Марко Одермат кој денеска заврши на осмата позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА