Андре Омот Килде победник на супер-џи трката во Салбах

Норвешкиот скијач Андре Омот Килде е победник на шестиот супервелеслалом сезонава во светскиот куп во алпско скијање кој се возеше во австрискиот Салбах. Норвежанецот до победата стигна со време од 58.30 секунди што беше за петнаесет стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Швајцарец, Мауро Кавицел, додека третото место му припадна на вчерашниот спуст победник, Германецот, Томас Дрезен кој заостануваше 31 стотинка зад времето на победникот.

Со оваа победа Килде се зацврсти на првото место и во генералниот пласман во Светскиот куп, пред својот сонародник Хенрик Кристоферсен кој не настапи на денешната трка, но и во поредокот во супер-џи, каде се наоѓа пред Швајцарецот Мауро Кавицел.

 

Се вчитува...