Португалија ремизираше 2-2 против Тунис во првиот контролен натпревар што актуелниот европски првак вечерва го одигра во пресрет на мундијалот во Русија.
Кристијано Роналдо оправдано не беше во составот на Португалците, во чии редови историја испиша Андреа Силва. Имено, асот на Милан го постигна голот за водство на оваа средба, што беше јубилеен погодок број 1.000 на португалската репрезентација од нејзиното постоење и премиерниот меч одигран уште во 1921 година.
Португалците имаа и 2-0 со голот на Жоао Марио, но Тунис успеа да се врати и преку Бадри и Бен Јусеф стигна до израмнување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА