Севилја успеа да се искачи на врвот на табелата во Ла Лига, откако на домашен терен го совлада тимот на Валјадолид со 1-0. Напаѓачот Андре Силва беше стрелец на победничкиот погодок за Севилја во 30.минута од натпреварот.
Со осмиот триумф во сезоната, Севилја има 26 бода и се наоѓа на првата позиција, пред Барселона со 25 и Атлетико Мадрид со 24 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА