Европскиот клупски првак Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе се засили со напаѓачот на Порто и португалски репрезентативец, Андре Силва. „Кралевите“ сакаат да го искористат ’попустот’ што го добија од ЦАС околу намалување на казната за забрана на трансфери, па во јуни ќе тргнат со сите сили во купување на нови фудбалери.
Шпанскиот „Ас“ открива дека е договорена и сумата на трансферот, која изнесува 58 милиони евра. Андре Силва има договор со Порто до 2021 година, но се согласил да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ и да игра во тандем со својот капитен од националниот тим, Кристијано Роналдо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА