На македонската ракометна репрезентативка, Андреа Белеска, и беше извршена операција на рамото и за неа сезоната е веќе завршена. Операцијата беше извршена во Љубљана, повредата е успешно санирана и сега Белеска ја очекува процес на рехабилитација.
Според информацијата објавена од нејзниот клуб, романскиот Валчеа, за целосно заздравување на повредата на оперираното рамо ќе биде потребен период од 4-5 месеци, а македонската ракометарка се очекува да се врати на терен на почетокот на следната сезона.
Освен клупските настапи, во периодот на рехабилитрација, Белеска ќе ги пропушти и настапите со македонската репрезентација која во јуни ја очекува баражот со Шведска за пласман на СП 2017 во Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА