Андреа Лекиќ и повредена потпиша за нов клуб

Андреа Лекиќ беше предводничка на тимот на Будуќност, но поранешната „вардарка“ заработи тешка повреда на тетивата на ЕП во Данска и сега ја очекува нова пауза на терените. Сепак, квалитетите на извонредната ракометарка придонесоа таа и по една таква сериозна повреда уште сега да потпише договор за наредната сезона, и тоа со словенечкиот првак Крим.

Србинката настапуваше за Крим во сезоната 2010/2011, за десет години подоцна да се врати во овој клуб.

„Пресреќна сум што се враќам во Љубљана, се чувствував како дома во овој клуб и едвај чекам повторно да го облечам дресот на Крим. Овој клуб си поставува високи цели пред себе, ќе дадам се од себе за да помогнам во нивното остварување“, истакна Лекиќ.

Крим уште претходно го договори доаѓањето на уште една поранешна „вардарка“, српската репрезентативка Драгана Цвијиќ.

Се вчитува...